У19: Избраниците на Станојковиќ декласирани од Црна Гора во Скопје

1395

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби катастрофално на првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Денеска во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ беа декласирани од соодветната селекција на Црна Гора со 1:5.

Единствениот гол за Македонија го постигна Мелиќи во судиското продолжение во првиот дел, откако гостите веќе направија предност од 3:0. Црногорците ја запечатија победата со уште два гола во второто полувреме.

Вториот меч е закажан во четврток во истиот термин.

ПретходноВембањама ја предводи најдобрата петорка на дебитантите во НБА
СледноЧелзи ќе има нов тренер: Покетино добил отказ, „сините“ бараат нов менаџер