Интер ќе има нови сопственици!

152

Шампионот на Италија Интер ќе има нов сопственик а тоа е американскиот инвестициски фонд Oaktree, а тоа денеска и официјално беше потврдено.

Ова стана факт откако претходниот газда на „нероаѕурите“ – Кинезот Стивен Жанг и неговата компанија „Сунинг“ не успеаја да ја платат сумата за рефинансирање на долгот кон Американците од близу 380 милиони евра заедно со каматата. Бизнисменот тоа требало да го стори до вчера на полноќ.

Така, Американците од Oaktree Capital Management ќе бидат новите сопственици на Интер, а можно е сепак да се бара продажба на клубот.

Ќе бидат потребни околу 15-20 дена за да се избере нов одбор на директори и да се свика акционерско собрание. Се очекува поголема моќ да добие извршниот директор Бепе Марота.

ПретходноИ ФФМ потврди: На финалето на Купот за првпат во употреба ВАР технологија во македонскиот фудбал!
Следно31.финале Куп на Македонија: Патот на Тиквеш и Воска Спорт до финалето!