Како што денеска објавува „Марка“, се чини дека заврши сагата околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Лука Модриќ. Иако се чека само официјална потврда, сепак Хрватот и во следната сезона ќе игра во “белиот“ дрес на Реал Мадрид.
Флорентино Перез му понудил нов договор на Лука, иако значително намален во однос на досегашниот, тој прифатил и тоа значи дека соработката ќе продолжи и следната сезона.
Тоа што го сакаше Модриќ и го доби, а Реал покажа дека рационално ги влече потезите. По објавувањето дека Тони Крос ја завршува кариерата по ЕУРО 2024, се чини дека ќе беше премногу “кралевите“ за следната сезона да останат и без Хрватот.