Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан се пласираа во финалето на плеј-офот во ВТБ-лигата, откако Локомотив Казан го совладаа со 92-87 во „мајсторката“ за крајни 4-3. Во битката за одбрана на титулата ќе играат против ЦСКА Москва.
И на оваа средба нашиот најдобар кошаркар беше главен лидер во редовите на својот тим. Во моментите кога се решаваше победникот и кога противникот успеа да израмни, Нено постигна шест поени во низа, доволно за радост во неговите редови. На крајот стави печат за 92-87.
Зад своето име запиша 31 поени, шест скока, шест асистенции и една украдена топка, во игра мина 35. минути.