Винсент Компани (38), сеуште актуелниот тренер на Барнли, тим кој испадна од Премиерлигата е новиот тренер на Баерн Минхен. Неверојатно. Секоја чест за играчката кариера на Белгиецот, но тренер на Барнли да се пресели на клупата на еден од најголемите клубови во светот? Е, тоа никој не може да го разбере, најмалку фановите на Баерн Минхен.
Но, тоа е тоа. Кога го “откачија“ речиси сите познати тренери во светот, кога и Тухел им се насмевна и ги откачи, кога не можеа да најдат адекватен стратег, ете сега мораат да платат отштета на еден Барнли за да им го „украдат“ Компани.
Па, зарем е можно?
Инаку Компани е тренерот кој инсистираше да го доведат Дарко Чурлинов во Барнли, но Македонецот поради болест и не се наигра во тој тим па мораше да оди на позајмица во Шалке, а ова лето си се врати во Англија.