Одбојкарите се во Беверен, в сабота очекуваат прва победа во Златната лига

117

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Беверен, каде в сабота и в недел аќе ги продолжи настапите во Европската Златна лига 2024. По двата порази на првиот турнир во Струмица, селекторот Наковски се надева дека одбојкарите ќе успеат првата победа да ја запишат токму на турнирот во Белгија.

„По двата меча одиграни во Струмица против Естонија и Чешка, сега ни следува вториот турнир во Белгија со Азербејџан и Белгија. Реално може да очекуваме една победа. Тоа би требало да се случи на средбата со Азербејџан, а против Белгија очекувам еден цврст и добар натпревар“, вели селекторот на нашата репрезентација, Хари Наковски.

Македонија в сабота против Азербејџан ќе игра во салата „Топспортхал“ во Беверен со почеток од 17:30 часот. Ден подоцна се среќаваме и со селекцијата на Белгија во терминот од 15 часот против селекцијата на Белгија.

ПретходноТиквеш подобар од Т. Пролет
СледноНухиу нов тренер на Гњилане, Бајрами помошник, Демири спортски директор