Заниоло го „пецна“ новиот директор на Борнмут: Полека, полека, сè има смисол…

503

Одмаздата е сервирана ладна. Николо Заниоло го дочека моментот да го „пецне“ поранешниот директор на Рома, Тијаго Пинто кој сега е спортски директор во англискиот Борнмут.

Николо Заниоло ја напушти Рома во јануари 2023 и заврши во Галатасарај откако претходно ја одби понудата на Борнмут. Тогаш во интервју, Пинто изјави: „Ако некој сака да си оди од Рома за да прифати понуда од Галатасарај или Борнмут, тогаш мора да си се преиспита“.

А сега Борнмут го именува Пинто за нов спортски директор, а Занило побврза да го „пенце“ за изборот на клубот.
Полека, полека, сè има смисол“.

Заниоло минатата сезона мина како позајмен во Астон Вила, а се очекува да се врати во Галатасарај ова лето.

ПретходноЃоковиќ запрен во полуфиналето во Женева
Следно„Златна ракавица“ за голманот на Монца, Влаховиќ е најдобар напаѓач, награди и за Зирке, Бастони…