Баер Леверкузен заокружи двојна круна затоа што на шампионската титула и го придодаде трофејот од Купот на Германија. Победата со 1:0 над Кајзерслаутерн им го обезбеди блескавото одличје, а воедно ги израдува и навивачите и играчите на Хајденхајм кои идната сезона за првпат во историјата ќе излезат во Европа.
Резултатот од финалето на Купот, значи дека Хофенхајм кој заврши на седмото емсто во Бундеслигата ќе игра во Лига Европа, а Хајденхајм како осмопласиран се квалификува за Лигата на конференции.
Хајденхајм, кој е формиран пред 177 години, минатата сезона дебитираше во Бундеслигата.
Од идната сезона дури пет Бундеслигаши ќе играат во Лигата на шампионите: Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд. Во Лига Европа покрај Хофенхајм ќе игра и Ајнтрахт Франкфурт, а во ЛК токму Хајденхајм.
Елитата ја напуштија Келн и Дармштат, а нови бундеслигаши се Кил и Ст.Паули, додека бараж за уште едно место ќе играат Бохум и Фортуна Дизелдорф.
EUROPA, WIR KOMMEN! 🇪🇺💪
Der FCH spielt in der Saison 2024/25 international! 🌍🔴🔵 #NurDerFCH pic.twitter.com/yuyiJi04lO
— 1. FC Heidenheim 1846 (@FCH1846) May 25, 2024