Франческо Пеко Бањаја е победник на денешната трка во Мото ГП за ГН на Каталуња. Италијанецот покажа зошто е шампион. Иако вчера имаше разочарувчки трки во квалификациите и спринтот, Пеко покажа дека е најдобар кога е најпотребно.
А најмногу покажа дека е нај, нај кога го мина Хорхе Мартин во битката за првото место. Секоја чест за Бањаја.
Втор трката ја заврши токму Мартин, а трет беше Марк Марке. Супер интересна трка и заслужена победа на Пеко на своето Дукати.