Никола Јокиќ и неговиот настап на ОИ во Париз и натаму е топ – тема во Србија. Пред неколку дена имаше информација дека најдобриот кошаркар во светот донесл одлука и дека сепак ќе игра на Олимпијадата, тоа беше веднаш демантирано од селекторот Светислав Пешиќ.
И додека цела Србија е во паника поради него, дали тој ќе игра или не во Париз, Јокиќ деновиве отпатувал во Стокхолм (Шведска) каде присуствувал на коњички трки. На една од нив победил неговиот коњ, се разбира дека неговото присуство не можеше да остане незабележано.
Nikola jokic at the horse racing in Sweden today. No security no bullshit. Did 2 laps after his horse won. Be like jokic pic.twitter.com/MeEFV0PWOZ
— adam magee (@adammag68655575) May 26, 2024