Како што и беше најавено, денеска точно на пладне почнаа да пристигнуваат нашите репрезентативци во хотелот “Хилтон“ во Скопје во пресрет на пријателските средби со Хрватска (3 јуни) и Чешка (10 јуни).
Се чини дека и овојпат селекторот Благоја Милевски не ќе може да смета на сите повикани играчи, пред се на капитенот Енис Барди кој вчера се повреди во меч за својот Трабзон и тешко дека ќе игра на дуелите со Хрватска и Чешка.