Македонската одбојкарска репрезентација на патот од Цирих кон Скопје по настапот во Златната лига имаше непријатна случка. Гром удрил во авионот во кој биле нашите одбојкари, па пилотот решил веднаш да се врати назад.
Од нашиот табор добивме информација дека сите се добро и дека ситуацијата не била толку драматична.
“Добри сме сите. На летот од Цирих кон Скопје удри гром во авионот, но не е ништо страшно. Мораше да се вратиме назад“, ни изјави Хари Наковски, селекторот на македонската репрезентација.