Изрешетан автомобилот на спортскиот директор на Осијек

392

Хрватските медиуми пренесуваат дека во вторникот изутрина, возилото на спортскиот директор на Осијек, Хозе Бото било погодено со седум куршуми. Возилото било паркирано пред зграда во Осијек, за среќа Бото не бил во него. Седум куршуми биле испукани во ветробранското стакло. Полицијата го истражува случајот.
Инаку случајот го пријавил неговиот сонародник Алфредо Алмеида кого Бото неодамна го постави за координатор на младинската школа на Осиек. Претходниот ден Бото заминал на краток годишен одмор во Португалија.
Причините се уште не се познати, полицијата работи на случајот.
Бото е поранешен скаут на Бенфика, а потоа работел во Шахтјор Доњецк и како спортски директор на ПАОК.

ПретходноКукриќ: Неопходна е мотивација на тренерите, како преку тешки услови да дојдат до добри резултати
СледноПознати финансиските детали од договорот меѓу Флик и Барселона