Нено и Уникс го загубија и вториот меч од финалето против ЦСКА

212

Нено Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан и вторпат се поразени на домашен терен во финалето на ВТБ лигата. Екипата на ЦСКА (М) чиј тренер до неодамна беше нашиот Емил Рајковиќ покажува врвна форма во финалната серија и успеа со убедлив триумф од 83:94 да дојде до предност од 2:0 во партии, пред следните два меча кои ќе се одиграат во Москва.

Димитријевиќ повторно беше еден од најдобрите на теренот, но попусто кога Уникс не успеа да дојде до победа за израмнување на серијата. Нено го одигра скоро целиот меч за домашните. Постигна 18 поени со еден скок и 9 асистенции. Најефикасен на мечот беше неговиот соиграч Маркос Најт со 22 поени.

ПретходноТедеско: Куртоа не е подготвен за Евро 2024
СледноЗасилено темпо пред контролите со Хрватска и Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)