Газдите на Филаделфија Унион си купија клуб во Данска

135

Сопственикот на американскиот фудбалски клуб член на МЛС лигата, Филаделфија Унион и официјално купува клуб во Европа. Станува збор за дански Лингби.

Досегашните сопственици на данскиот прволугаш „Friends of Lyngby“, која е локална сопственичка групација продала 10 проценти од својата сопственост на компанијата „Union Sports and Entertainment“, која во исто време, обезбедија опција за стекнување на дополнителни 10 отсто од акциите.

Лингби ј апотврди продажбата со соопштение за медиумите.

„Во текот на изминатите неколку години, ние во сопственичката група разговаравме со повеќе од дваесет потенцијални, главно финансиски инвеститори, но од една или друга причина немаше договор. Сега успеавме со нашите пријатели да добиеме амбициозен инвеститор. Проектот потполно одговара на амбициите на нашиот клуб“, се вели меѓу другото во клупското соопштение.

ПретходноДомот на хрватската ѕвезда во НБА лигата вторпат ограбен за само три години
СледноНоле со победа ја почна одбраната на титулата на Ролан Гарос