Џуд Белингем е играч на сезоната во Ла Лига, Јамал најдобар млад фудбалер

124

Ѕвездата на Реал (М), Џуд Белингем е прогласен за играч на сезоната во Ла Лига. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид ја доби наградата откако и официјално заврши сезоната 2023/24.

Во својата дебитантска сезона во шпанската лига, Белингем одигра 28 натпревари, постигнувајќи 19 гола и 6 асистенции.

20-годишниот Англичанец успеа да ја победи конкуренцијата во името на Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Такефуса Кубо ( Реал Сосиедад ) и Артем Довбик од Џирона, кои беа негови најголеми конкуренти за наградата.

Ламин Јамал од Барселона, пак, е прогласен за најдобар млад играч.16-годишниот крилен напаѓач на Барселона оваа сезона имаше 5 гола и 5 асистенции на 37 натпревари во Примера.

ПретходноЧави бара Барса да му ги врати парите што тој сам ги плати за да раскине со Ал Сад
СледноСтруга ТЛ не му го продолжи договорот: Мезрекај заминува од шампионот