Вечерва од 21 часот се игра големото финале во ЛШ меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Германците ќе атакуваат на својот втор пехар а Шпанците на својот 15-ти.
Интересно ова ќе биде и последен меч за Марко Ројс во дресот на Дортмунд, а ова ќе биде и последен меч за Тони Крос за Реал Мадрид или воопшто за некој клуб. Играчот за врска на “кралевите“ после ЕУРО 2024 ја завршува својата играчка кариера и ќе се сака со својот шести пехар во ЛШ да дојде до историја. Ова за Ројс ќе биде прв пехар во ЛШ и тој се ќе стори да го освои.
Карло Анчетоли ако победи ќе го освои својот петти пехар во ЛШ, додека Модриќ, Крос, Начо и Карвахал го посакуваат својот шести трофеј со што ќе се изедначат со Франциско Генто, иконата на Реал Мадрид.
Инаку ова е патот на Дортмунд и Реал до финалето, до „Вембли“ до Лондон: