Мијатовиќ: Лесно е да си заминеш од Реал, но после две недели ќе сфатиш дека си погрешил!

1083

Предраг Мијатовиќ е легенда на Реал Мадрид. Прво како стрелец на голот во финалето во 1998 година против Јуве кога на „кралевите“ им го донесе „ушлето“ по цели 32 години, но и како спортски директор.

За тоа што може да се очекува од вечерашното финале во Лондон, но и поради најавеното заминување на Родриго, Мијатовиќ изјави:

Еден совет до Родриго и тоа од лично искуство. Колку и да вредиш навистина комплицирано е да дојдеш во Реал, но затоа многу лесно можеш да си заминеш. Сакаш поголема плата, сакаш ова, сакаш она, и тоа те тера да си одиш. Но после две недели ќе сфатиш колку си погрешил. Така и со мене, Фиренца, убав град, Фиорентина добар клуб, но веднаш забележав голема разлика. Соблекувална, терен, стадион, статус, се е поинаку кога си во Реал“ посочи Црногорецот и продолжи…

Големо влијание има белиот дрес на Реал, и кај ривалите а посебно кај тие што го носат. Играчите на Реал се полни со самодоверба, а тоа им го дава токму тој бел дрес. Па Реал во овој век нема загубено финале, а тоа значи многу. Јас знам дека Дортмунд се надева дека противнкот ќе има слаб ден, но и да има доволно се само пет минути за да Реал направи пресврт. Не гледам начин како било кој клуб, па и Дортмунд може да го победи Реал во финалето во ЛШ“.

ПретходноОфицијално: Арне Слот е нов тренер на Ливерпул! (ФОТО)
СледноУжас и денеска: Нова тепачка на меч од Детска лига! (ВИДЕО)