Челзи има ново засилување во дефанзивата, доаѓа од Фулам

535

Тосин Адарабиојо ќе биде нов играч на Челзи. Англиски „Скај Спортс“ објави дека 26-годишниот дефанзивец следната недела ќе ги помине медицинските прегледи во лондонскиот клуб. Адарабиојо ќе потпише долгорочен договор со Челзи.

Дефанзивецот на Фулам ќе им се приклучи на „сините“ како слободен играч кога ќе му истече договорот на крајот на јуни.

Иако и Њукасл сакаше да го ангажира, сепак, играчот го избра Челзи, кому му треба нов централен дефанзивец по заминувањето на Тиаго Силва. Тосин работеше под водство на идниот тренер на Челзи, Енцо Мареска во младинската школа на Манчестер Сити.

ПретходноПерез сака тројца играчи на Реал на подиумот во трката за „Златната топка“
СледноПозната е годишната плата на Мурињо во Фенер, сумата е фантастична за Турција!