На Порто не му беа доволни 15-те интервенции на Митревски

289

Порто не успеа да добија уште една битка со Спортинг за пехар. Тимот на македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски беше поразен во финалето на Купот на Португалија со 34-30.

Митревски блескаше во последниот настап за Порто. Зад своето име имаше 15 интервенции, но тоа не беше доволно за победа.

Спортинг натпреварот го реши во првото полувреме во кое имаше предност од четири гола (18-14).

Митревски од следната сезпна ќе го гледаме на голот на актуелниот македонски првак, Пелситер.

ПретходноВенеција се врати во Серија А
СледноТрето издание на меморијалниот трунир „Марко Божиновски“