Во срцето на Мадрид илјадници навивачи скандираа „Тони остани“, а потоа Крос го зеде микрофонот (ВИДЕО)

5081

Германецот по 10 години реши да го напушти Мадрид, но и да се пензионира. Се очекуваше тој да ја продолжи соработката со кралевите, но неговата конечна одлука е да престане да игра.

Тој сезонава ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите и на најдобар можен начин го напушта клубот во кој мина 10 години. Сега ќе се обиде пред домашните навивачи на ЕП да извлече што е можно подобар резултат, а потоа да се посвети на семејството и приватниот живот.

Во центарот на Мадрид вчера се одржа прослава за фудбалерите на Реал кои ја прославија рекордната 15-та титула во Лигата на шампионите, а неколку десетици илјади навивачи дојдоа да ги поздрават.

Меѓу другото, навивачите скандираа: „Тони остани“, барајќи да ја промени одлуката и кариерата да ја продолжи на Сантијаго Беранбеу. Иако имаше мала надеж дека тоа би можело да се случи, Крос го изгасна со тоа што го зеде микрофонот во раце и рече:

„Пред три недели ви ветивме дека ќе се вратиме овде. Ви благодарам многу за овие незаборавни години. Немам зборови“, порача Тони Крос, пренесува Marca, наведувајќи дека одбил да ја промени својата одлука.

Во Мадрид се уште се свесни дека мора да продолжат без Крос, но за нивна среќа Лука Модриќ го продолжува договорот на уште една сезона, па еден од волшебниците од средниот ред сепак ќе биде таму со тимот.

И тренерот Карло Анчелоти рече дека би сакал Крос да се премисли, велејќи: “Чекаме да се премисли. Тој е секогаш добредојден. Не можеше да се збогува на подобар начин. Тој си заминува како клупска легенда со трофејот во Лигата на шампионите, сите навивачи ќе бидат засекогаш благодарни“. 

ПретходноТрето издание на меморијалниот трунир „Марко Божиновски“
СледноОстануваат часови до трансферот на годината