Медалот на Џуд Белингем отиде кај личноста која е најзаслужна за неговата кариера

1438
Фото: Реал Мадрид/Твитер

Реал Мадрид уште еднаш покажа зошто е најголемиот клуб во светот бидејќи кралскиот клуб не блесна премногу во финалниот натпревар против Борусија Дортмунд, но ги казни сите грешки на противникот и дојде до нов пехар во ЛШ.

Во центарот на вниманието се најде Белингем, кој по доделувањето на пехарот остана без својот медал, но потоа стана јасно каде заврши златниот медал на ѕвездата на Реал Мадрид.

Англискиот играч од средниот ред златниот медал и го подари на својата мајка Дениз, која животот им го посвети на синовите Џуд и Џоб и направи огромни жртви за тие да ги исполнат своите соништа и да успеат во фудбалот.

Најдобар доказ е кога Џуд потпиша за Дортмунд, а мајка му Дениз ја остави работата и домот во Бирмингем за да замине во Германија со синот, за тој да има се што е потребно за да се фокусира што повеќе на фудбалот.

Сега тоа се исплатеше на најдобар можен начин, а Белингем веднаш по наградата отиде кај мајка си и и го врачи златниот медал затоа што знае дека немаше да биде овде денес да не беше таа и нејзината огромна жртва.

Дениз не можеше да ги сокрие солзите поради успехот на нејзиниот постар син, а нејзините емоции беа на врвот кога Џуд и го подари златниот медал кој сега ќе го краси нивниот семеен дом.

Белингем пред една година пристигна во Реал од Дортмунд за 103 милиони евра и неговото доаѓање беше полн погодок. Оваа сезона за кралевите одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 23 гола и забележа 13 асистенции, што е навистина фантастичен подвиг за играч од средниот ред.

ПретходноОстануваат часови до трансферот на годината
СледноПозната е следната дестинација на Марко Ројс