Матеус: „Заминувањето на Крос е најголемата грешка на Баерн во историјата!“

733

Тони Крос во саботата, со освојување на својата шеста титула во ЛШ, се повлече од клупскиот фудбал. По ЕУРО 2024 и дефинитивно става крај на својата фантастична играчка кариера. Германецот стана легенда на Реал Мадрид, а се можеше да биде поинаку ако во 2013 година Баерн Минхен на направеше катастрофална грешка кога едноставно во “избрка“ од клубот.

Заминувањето на Тони Крос е најголемата грешка на Баерн Минхен во клупската историја“ вели легендарниот Лотар Матеус и продолжи…

Така е тоа кога те водат емоциите и гордоста а не рационалноста. Несфатливо е зошто тогаш првите луѓе на Баерн така изреагираа со Крос, мене навистина не ми е јасно. Исто така јасно дека по се ова сега и тоа како ги боли тогаш одговорните во клубот“.

Инаку кога Крос имал преговори со Баерн Минхен, Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге му нуделе 6 милиони еввра годишна плата, играчот побарал 10 со цел да биде во првата категорија на играчи на “баварците“. Тогаш Хенес и Румениге му возвратиле дека тоа негово барање е дрско и дека нема што да бара во Баерн.

Тони Крос се пресели во Реал Мадрид, се потоа е историја.

ПретходноХит приказна од Мадрид: Таткото на Карвахал на коњ ги чуваше пехарот и играчите на Реал Мадрид! (ВИДЕО)
СледноВелковски со подарок за јубилејниот меч за репрезентацијата