Маркез му се приклучи на Бањаја во Дукати, Мартин се сели во Априља

530

Шпанецот Марк Маркез ќе му биде новиот тимски колега на Франческо Бањаја во фабричкиот Дукати во Мото ГП шампионатот за сезоната 2025. Ова се турбулентни моменти во мото шампионатот бидејќи претходнос се споменуваше дека Хорхе Мартин ќе му биде колега на Бањаја.
Првично Дукати го сакаше Маркез во Прамак Дукати, но самиот мотоциклист изјави дека тоа не доаѓа во предвид туку би се согласил само во фабричкиот Дукати. Тоа значи дека доаѓа разделба со Хорхе Мартин кој добил иста понуда, но излезе дека тој е „помек“ за разлика од Шпанецот.
Па Мартин незадоволен од развојот на настаните одлучил да оди во Априља каде што ќе го замени својот пријател Алеикс Еспаргаро кој заминува во пензија. Ова само неколку часа подоцна го потврди и самиот тим.

ПретходноСтефан Ристовски ги потсети фудбалерите како се гине за Македонија
СледноБиХ поразена од Англија на дебито на Барбарез, реми меѓу Германија и Украина