Пред два месеци бразилските медиуми објавија дека Нејмар е многу блиску до заминување од Саудиска Арабија, и дека веќе има договор за продолжување на кариерата.
Откако Нејмар реши во живо да го следи натпреварот помеѓу Сантос и Памеирас, медиумите од оваа земја тогаш почнаа да зборуваат дека враќањето на Бразилецот во Сантос.
Тогаш Бразилците отидоа дотаму што напишаа дека Нејмар се договорил со челниците на клубот, и дека ги известил играчите на овој клуб дека наскоро ќе им се приклучи.
Многу навивачи на тој натпревар скандираа Нејмар да се врати дома, но се чини дека тоа да се случи.
Тој во изјава за ESPN беше многу лут поради се што се зборува за неговото враќање во Сантос.
„Нема шанси, тоа е срање. Имам уште една година од договорот со Ал Хилал. Навивам за Сантос, се надевам дека ќе се вратам еден ден, но во моментов мојот фокус е на Ал Хилал. Се надевам дека ќе имам одлична сезона по повредата“, изјави Нејмар за ESPN.