Словенија носи играч на Далас поради Дончиќ

2846

Претходните години кошаркарската репрезентација на Словенија „живее“ од талентот на Лука Дончиќ, кој не ги пропушта репрезентативните собири. Со помош на браќата Драгиќ, Блажиќ и други словенечки кошаркари ја предводеше репрезентацијата до златото на Европското првенство, но и до забележителни пласмани на Мундобаскетот и Олимписките игри. Секогаш имаше некој странец, а ново засилување за Словенците може да дојде од НБА.

Додека репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир пред Олимписките игри во Париз, Лука Дончиќ носи соиграч во репрезентацијата. Станува збор за Даниел Гафорд (25), американски крилен центар кој во Далас настапува од февруари 2024 година. Очигледно добро се разбираат во тимот на Тексас, бидејќи соработката во репрезентацијата е на прагот.

Даниел во 2019 година беше избран како 38. пик на драфтот, а потоа беше преземен од Чикаго Булс. Тој играше и за Вашингтон, пред да се пресели во Далас, во трејд што им донесе многу на Маверикс. Оваа сезона Гафорд одигра 29 натпревари за Далас во лигата, со над 21 минута игра, просек од 11,2 поени, 6,9 скока и 1,6 асистенции по меч.

 

ПретходноЈувентус го носи најдобриот голман во Серија А
СледноКвалификации за ЕП – жени: Македонија посакува бод(ови) од Кишињев!