Платини: Чеферин и Инфантино се никој и ништо, фудбалот е во рацете на тренери опседнати со тактика

230

Поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини ги критикуваше сегашниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Познавам многу менаџери, ги познавав и претходно, но Чеферин и Инфантино се никој, тие мислат исклучиво на пари. Создадоа нова глупава Лига на шампиони, која сега има премногу натпревари. Би сакал фудбалот да го водат луѓе со фудбалско потекло. Оние кои навистина ја разбираат играта. Денес овој спорт е во рацете на менаџери без историја и тренери опседнати со тактики. Мора да му ја дадеме топката на детето, исто како што му го дадовме пијаното на Моцарт. Тренерите сега знаат само да цртаат шематски цртежи на табла, исполнети со стрелки и движења. Но, фудбалот е игра, па оставете ги играчите да играат слободно“, изјави Платини.

ПретходноПоради Бензема од Ал-Итихад ќе мора да си оди и Мароканецот Хамдала
СледноИталија со Галинари ќе брка виза за настап на ЛОИ во Париз