Пријателски: Халанд со хет-трик ја “скина“ мрежата на Косово, Данска – Шведска 2:1…

189

Во пресрет на ЕУРО 2024, вечерва ширум Европа се одиграа или ќе се одиграат повеќе пријателски средби.

Иако Норвешка и Косово нема да играат на ЕП, сепак беше интересно и тоа поради хет – трикот на Ерлинг Халанд со што просто ја “скина“ мрежата на репрезентацијата на Косово.

Норвешката мега – ѕвезда стрелаше во 15.минута, потоа во 70. и во 75.минута. Инаку овој меч заврши со 3:0 и тоа со головите токму на Халанд.

На “Паркен“ во Копенхаген во дербито на Скандинавија, Данска со 2:1 ја победи Шведска. Хојбјерг уште во 2.минута донесе водство на домашната селекција, во 9.минута Исак израмни на 1:1 а во 86,минута со убав гол Ериксен донесе 2:1 за Данска.

Словачка со 4:0 славеше против Сан Марино и покажа дека е во добра форма во пресрет на ЕУРО 2024. Стрелци на головите беа Риго, Суслов, Хараслин и Стрелец.

ФОТО: Twitter

ПретходноДимитријевиќ веројатно го одигра последниот меч за Уникс, ЦСКА Москва е шампион на ВТБ лигата!
СледноЕден од најдобрите голмани во светот ќе биде резерва на ЕУРО 2024!