Мазула пред стартот на финалето: Влогот е голем, а тоа значи дека деталите се најважни

92

Во очекување на вечерашниот прв меч од големото финале во НБА лигата, тренерот на Бостон, Џо Мазула рече дека во неговиот тим нема притисок пред стартот на серијата.

„Треба само да обрнеме внимание на деталите кои се важни. Вистината е, ако не го поставите грбот, ако не се вратите во одбрана, ако не ја подавате топката во игра два на еден, ако не ги нарушите плановите на противникот, ако не знаеш од кого се браниш, ако не ја видиш разликата, ако не зборуваш, ако не дадеш се, нема да победиш. Треба да се фокусираме на наједноставните работи. А вистината е дека тоа треба да го направиш, и тоа треба да го направиш на високо ниво. Очигледно, влогот е поголем во финалето, но тоа само значи дека деталите се поважни“, рече главниот тренер на „келтите“.

ПретходноМилев: Ќе играме во ЛШ, но овој пат само со домашни одбојкари
СледноРадивојевиќ уште една сезона во дресот на Е. Пелистер