Димоски: Штом игравме добро против Англија и Италија, можеме и против Чешка

273

По поразот од Хрватска со 3:0, македонскиот национален тим го очекува нов дуел, против Чешка со која ќе играме во Храдец Кралове. За Чешка ова е последна контрола пред ЕП, а за нас последен меч пред почетокот на Лигата на нациите.
За очекувањата од мечот со Чесите, зборува Бојан Димоски.
Мора да ја поправиме тактичката дисциплина и мора да одиграме квалитетно против силна репрезентација која се натпреварува на Европското првенство. За нас ова е последен контролен меч пред Лигата на нации и сакаме со максимално фокусиран пристап да извлечеме позитивен резултат.
Знаеме дека Чешка е квалитетна селекција, но ние покажавме дека можеме да играме со најдобрите во Европа, а тука мислам на Англија и Италија. Се надевам дека ќе успееме да се претставиме во добро светло и потоа ќе ги насочиме мислите на септемвриските предизвици“, изјави Димоски.

ПретходноБарселона го отпушти Рожер Гримау
СледноМу пропаѓа трансфер во ПСЖ затоа што му е забрането да ја напушти Русија