На пријателскиот меч со Мексико, кој Бразил го доби со 3:2, Винициус се чини дека го покажа и своето друго лице. Мега – ѕвездата на Реал Мадрид важи за фудбалер кој знае и тоа како да провоцира па затоа не е омилен ја фудбалските фанови, тука не се сметаат оние на Реал Мадрид.
Имено Винициус пред почетокот на мечот отиде кај клупата на Мексико и се поздрави со сите резервни играчи, сите луѓе во стручниот штаб, потег кој ретко се гледа на фудбалските натпревари.
Интересни беа коментарите на социјалните мрежи на ова…
„Сигурно му требаат гласови за Златната топка…“ беше најинтересниот.
Vinicius Jr greeting the whole Mexico bench before the game today. 🇧🇷🤝🇲🇽pic.twitter.com/V1QAqRAPiE
— TC (@totalcristiano) June 9, 2024