Од пред неколку дена Тиквеш е во фаза на подготовки во пресрет на својот историски настап на евро сцената. Имено кавадарчани по освојувањето на Купот на Македонија ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции.
По тој повод тимот се засилува а стратегот Ѓорѓи Мојсов закажа и пет контроли како подготовка за што подобар евро настап.
Се стартува на 15 јуни со Шкендија, потоа на 20 јуни ривал ќе биде нашиот шампион Струга ТЛ, тоа се екипи кои покрај Тиквеш исто така ќе ја претставуваат Македонија во Европа ова лето.
Тиквеш на 22 јуни се среќава со Балкани, потоа на 27 јуни со Љапи а на 4 јули ривал ќе биде Гостивар.
Одлични и силни ривали се со цел тимот на Тиквеш што подобро да се подготви за тоа што го чека во Европа.