Само што се врати во финалето по лекувањето на повредата, Кристапс Порзингис повторно се повреди.
Центарот на Бостон синоќа на вториот меч од финалето замина во соблекувалната поткривнувајќи на една нога.
„Се чуствувам добро. Се разбира, нешто се случи за кратко време, но имам неколку дена да се справам со овој проблем. Верувајте ми, ќе направиме се што е можно за да се вратам“, изјави Порзингис по мечот.
Центарот заработи повреда на истата нога во четвртфиналеѕо на плеј-офот, поради што пропушти поголем дел од разигрувањето до ова финале.