Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, ќе се обиде на „Камп Ноу“ да го донесе досегашниот фудбалер на германски Штутгарт, Анџело Штилер.
Според каталонските изданија, работата околу трансферот на играчот од средниот ред на Бетис, Гвидо Родригез е прекината и сега се истражуваат алтернативни опции. Меѓу нив е и играчот од средниот ред на Штутгарт, за кого директно се заложил токму Флик.
23-годишниот играч е производ на Баерн Минхен и новиот тренер на Барселона добро го познава. Раководството на каталонскиот клуб во наредните денови ќе разговара за евентуалниот трансфер на фудбалерот на Штутгарт.