Баерн Минхен постигнал договор со германскиот репрезентативец Јонатан Тах. Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен е една од главните трансфер цели на Баварците ова лето и според добро упатени извори, фудбалерот се согласил на трансфер во Минхен.
Раководството на германскиот гигант се договори со Тах за петгодишен договор, а „фарнацевтите“ веќе се информирани за желбата на дефанзивецот да се пресели на „Алијанц Арената“. Се очекува во наредните денови да започнат преговорите меѓу двата клуба околу трансфер сумата, која ќе се движи еѓу 20 и 25 милиони евра.