Каква бламажа на Шкендија: Четири меча, четири порази со гол разлика 0:9!

382

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Мизеријата тотално е комплетирана. Шкендија се избламира за век и веков ова лето во Европа. Ако во таа 2019 година мислевме дека го допре дното, кога беше елиминирана од Номе Калју и Дуделанж, не ни претпоставувавме дека може да биде и полошо. Тогаш барем се даваа голови, имаше и победи.

А, сега?

Сега екипата на Ернест Ѓока буквално го засрами мак – фудбалот. Четири евро меча, четири порази и пазете, девет примени и ниту еден даден гол.

Секако дека нашиот првак е елиминиран од Европа. Не го дочека август. А имаше отворен пат до плејофот во Конференциската лига.

По ова се чини дека треба да следува ремонт. И не само играчите да се запрашаат зошто играат така како што играат. За стручниот штаб минатата недела го кажавме нашето мислење, треба под итно таму да има смени.

И тие што го донесоа овој стручен штаб и што го “трпат“ тренерот толку кога и самите се свесни дека тој е далеку од тоа да биде тренер на една Шкендија, треба да си одат. Тука нема дилеми.

Оваа Шкендија е проектирана за Европа. Со тој играчки кадар, со тој буџет мора, ама баш мора да мине барем коло – две. А не да се бламира, да губи од кого ќе стигне.

Шкендија почна да служи за потсмев.

Штета…

ПретходноЃока: На сите четири меча бевме казнети за слабата реализација
СледноЛига на конференции: Рамадан со Приштина оди понатаму, Ристевски и Здраковски подобри од Адили