Можеби се ќе беше поинаку доколку Лука Дончиќ не заработеше два наивни фаули и мораше да го напушти теренот на четири минути до крајот. На другата страна Бостон успеа да направи брејк и да се најде на победа до 18-та титула во својата историја.
Селтикси славеа со 106-99 и водат со 3-0 во финалната серија. Бостон во еден момент водеше со 91-70, но Далас успеа да се врати на поен негативан на три и пол минути до крајот. Сепак тимот беше целосно скршен по исклучувањето на Дончиќ, кој мечот го заврши со 27 поени, шест скока и шест асистенции. Ирвинг имаше 35 поени.
На другата страба Тејтум запиша 31 поен, Браун 30, додека Вајт имаше 16 поени.
Бостон последен пат до трофејот дојде во 2008 година.