Екипата на ГРК Охрид продолжува со креирање на составот за следната сезона, во која предводникот Стевче Алушовски и неговите момци ќе се обидат да направат уште еден чекор напред, поточно да ги нападнат првите три позиции во Супер-лигата, и да се претстават добро на европска сцена.
Најново од овој тим е продолжувањето на соработката со голманот Бобан Ристевски за следната сезона, со можност истиот да биде дополнително продолжен.
Од редовите на ГРК Охрид заминува голманот Берин Бркиќ, на кого клубот му се заблагодари.