Роберто Де Зерби го напушти Брајтон на крајот на сезоната во Премиер лигата и беше поврзуван со Челзи, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Но Челзи го назначи Мареска, Тен Хаг остана во Јунајтед и Компани стана тренер на Баерн.
Па така Италијанецот и понатаму е слободен. „Спорт Италија“ информира дека Де Зерби преговара за кормилото на Олимпик Марсеј. Поранешниот француски шампион го сакаше Пауло Фонсека, но тој отиде во Милан.
Па така Де Зерби сега стана интересен и преговорите се во тек. Ако не „запнат“ некаде тие би требало да завршат на почетокот на идната недела.