Њукасл имаше разочарувачка сезона во Премиер лигата, а овој клуб со арапски сопственици ќе треба повторно да го реконструира тимот и да се врати при врвот и во Лигата на шампионите.
Додека навивачите со нетрпение чекаат некоја голема ѕвезда на „Ст.Џејмс Парк“ клубот се пофали со нов фудбалер кој доаѓа од Борнмут и тоа бесплатно.
Лојд Кели е нов играч на Њукасл кој дојде како слободен играч, а потпиша договор до јуни 2029 година со опција на уште една сезона.
Тој е првото летно засилување за тимот предводен од Еди Хау.
Се чека за следното(следните)…
Деновиве се пишува за интерес на Феран Торес од Барселона…
Дома Меѓународен фудбал Англија Њукасл се пофали со првото летно засилување – дојде дефанзивец од Борнмут...