Гостиварци денеска потпишаа уште едно ново засилување. Како што најави „СпортСпорт“ , Константин Чешмеџиев (28) ќе биде ново име во редовите на прволигашот од Гостивар.
Искусниот дефанзивец последно настапуваше во Хаџер од С.Арабија, а претходно играше за Работнички, Шкендија, Пелистер, Шкупи, Брера, Македонија ЃП, имаше и интернационална кариера во БиХ, Бугарија, Албанија.