200.000 Шкоти го окупираа Минхен пред вечерашното отворање на ЕП 2024 (ВИДЕО)

254

Малку земји учеснички на овогодинешното Европско првенство во фудбал се повозбудени за настанот од Шкотите. Островјаните вечерва го играат воведниот натпревар против Германија, а Минхен е целосно окупиран од шкотски навивачи.

Се проценува дека околу 200.000 Шкоти допатувале во Минхен за да ги раздвижат работите низ улиците и локалите. Огромното мнозинство немаат ни билети за натпреварите на својата репрезентација, но доаѓаат да ја промовираат шкотската фудбалска култура и незаборавната атмосфера која ќе ја направат и во Германија.

„Тие се насекаде. Насекаде! На тротоарите, во кафеаните па дури и во фонтаната“, велат дел од жителите на овој германски град.

ПретходноВечерва почнува Евро 2024: 51 битка за европскиот фудбалски трон!
СледноТеодосиќ во дресот на Ц. Звезда и следната сезона