Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да стане уште еден во низата фудбалери кои ќе ја напуштат Европа и ќе се преселат на Блискиот Исток. Според шпанска „Марка“, Холанѓанецот има извонредна понуда од екипата на Ал Наср која може да го направи најплатениот дефанзивец во светот.
За услугите на 32-годишниот Холанѓанец е заинтересиран тимот во чии редови веќе играат европските ѕвезди како Роналдо, Емерик Лапорте, Марсело Брозовиќ, но и Отавио и Садио Мане.
Генералниот директор на саудискиот клуб веќе одржал состанок со фудбалерот и му понудил договор според кој тој ќе стане најплатениот играч на својата позиција во светот. Ван Дајк минатата сезона одигра 48 натпревари, постигна четири гола и имаше две асистенции во дресот на Ливерпул со кого има активен договор со 2025 година.