Седлоски на пресот: Задоволен сум од настапот на мојот тим и покрај грешките за двата гола!

564

 

Шкупи и во вториот меч загуби од Санта Клара, овојпат на нејзин терен, на Азорските острови со 0:2. Па така со вкупни 0:5 е елиминиран во 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Сепак, за разлика од првиот меч во Скопје, момците на Гоце Седлоски вечерва одиграа далеку подобро, посебно во второто полувреме. Недостигаше само гол, иако чаирчани имаа неколку шанси, па и зицери.

Стратегот на нашиот евро – претставник, Гоце Седлоски, на пресот веднаш по мечот истакна…

“Честитки за Санта Клара за пласманот во следната фаза. Тие се подобар тим и затоа одат понатаму. Можам да кажам дека на првиот меч во Скопје нашите играчи влегоа со премногу респект кон противникот. Реваншот го почнавме со неколку измени во составот. Знавме дека ќе ни биде тешко. Сепак јас сум задоволен од настапот на својот тим и покрај грешките за двата примени гола. Посебно сум задоволен од тоа што го прикажавме во второто полувреме“ заклучи Седлоски.

ПретходноШкупи и покрај поразот не разочара на Азорските острови! (ВИДЕО)
СледноБекали не ја простува елиминацијата на Стеауа – двајца играчи добија откази!