Поранешен македонски селектор на клупата на ГФК Охрид

1018

Поранешниот македонски селектор, Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, открива Охридњуз. Тој на тренерската позиција во Охрид доаѓа на местото на Александар Толески. Џиџи и раководството на клубот потпишале едногодишен договор со можност за продолжување на истиот.

„Со носењето на потврдено фудбалско име со интернационално и селекторско искуство го пополнуваме испразнетото тренерско место во клубот што можеби беше и наша најслаба точка. Очекуваме со ангажманот на Илевски подобрување на перформансите на екипата што заедно со заложбите за квалитетни засилувања, согласно нашите можности, и ростерот на охридски погон, треба да ни донесе напредок како во играта, така и во резултатите, изјави за Охридњуз Данчо Целски, еден од раководителите на ГФК Охрид.

ПретходноОфицијално: Хумелс се збогува со Дортмунд
СледноМанчестер Јунајтед најави почеток на проект вреден 50 милиони фунти