И дефинитивно нема шега со Тиквеш. Имено вечерва кавадарчани го засилија својот ростер со екстра засилување и тоа со напаѓачот Мартин Стојанов (25) кој доаѓа од тимот на Септември Софија. Како што е познато Стојанов е штипско дете, тој прво се наметнаво Кит Го а потоа во Брегалница бепе клучен играч, за да пред две години направи трансфер во Бугарија.
Јасно е дека тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе има и тоа како респектабилен напад во претстојниот период.
Да потсетиме дека Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија, ова лето за првпат ќе настапи во фудбалска Европа.