Швајцарија на официјалниот состанок со барање: Тревата да се искоси на стандардните три сантиметри

0

Вечерва македонската фудбалска репрезентација ја стартува најнова Лига на Нации во која што сме дел од Б дивизијата, и во која што во рамките од првото лоло од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе ја пречема силната Швајцарија.

Гостите, прецизни како „Швајцарци“ нормално, уште на синоќешната прес конференција најавија за поплака околу висината на тревата на теренот на Арената.

За да, веќе денеска на официјалниот состанок со домаќинот, вообичаената процедура пред секој меѓународен меч под капата на УЕФА, да се нотира овој проблем уште еднаш. Сега и официјално.

Швајцарија бара тревата на игралиштето да се искоси на пропишаните три сантиметри, во однос на во моментов постоечките седум.

Селекторот на Швајцарија Мурат Јакин на синоќешната прес конференција во раката држеше дел од тревникот од Арената, и со пример покажа дека тревата не е искосена доволно, алудирајќи на евентуалните услови за игра.

 

ПретходноПетте ракометни легенди со силни пораки од Охрид: Патот од почетокот до крајот на вашата кариера е најважниот медал!