Полувреме: Вирц е стрелец на првиот гол на ЕУРО, Германија ја “делка“ Шкотска!

87

Заврши првото полувреме од првиот меч на ЕП, кој се игра вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен. Германија почна моќно, одигра навистина добро и со водство од 3:0 заминаа “панцерите“ на пауза против Шкотска која просто не знаеше каде е.

Уште во 10.минута Флоријан Вирц реализираше за 1:0, со што ќе се запише во историјата како стрелец на првиот гол на ова ЕУРО 2024. Девет минути подоцна Мусиала зголеми на 2:0. Во 44.минута од пенал домашната селекција со реализираниот пенал на Хаверц имаше веќе 3:0. Шкотска во тие моменти остана со играч помалку зошто Портеус доби црвен картон по фаулот врз Гундоган по што дојде и до пеналот.

 

 

ПретходноСпектакл во Минхен, хаос на тренингот на Португалија, проблеми во Берлин!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноУрнебесно: “Мојата сопруга не знае дека сум овде!“(ВИДЕО)