Ново чудо од дете доаѓа во Реал, Перез заврши уште една врвна работа

4186

Флорентино Перез очигледно успеа да заврши уште една одлична работа. Нов играч на Реал Мадрид ќе стане и младиот Французин Лени Јоро.

Лени Јоро е момчето за кое зборуваат великаните. Во битка за неговиот потпис влегоа ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а на крајот Реал повторно видно победи.

Шпанските медиуми откриваат дека на вечерата одржана синоќа во Мадрид, на која присуствувале високи функционери на Реал, било соопштено дека 18-годишниот француски дефанзивец доаѓа во клубот.

Со неговото доведување, Флорентино Перез би ја завршил реконструкцијата на тимот. Јадрото го сочинуваат најдобрите млади фудбалери во светот, со нив пристигна и Килијан Мбапе, па „Кралевите“ ќе бидат навистина страшен тим.

Иако има само 18 години, Лени Јоро веќе доминира против многу постарите колеги. Неговите физички предиспозиции се навистина нереални и му се предвидува одлична кариера.

Целата младинска кариера ја помина во Лил. Тој стана член на првиот тим како тинејџер, а за првиот тим дебитираше на 16 години и шест месеци.

ПретходноТрагедија: Почина голманот на Црна Гора, имаше 26 години!
СледноМеси дојде до бројката од 108 гола, Аргентина убедлива (ВИДЕО)