Лоши вести за Србија: За Костиќ ова европско првенство заврши!

618

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ вчера на мечот со Англија се повреди уште во првото полувреме, па по мечот селекторот Стојковиќ потврди дека најверојатно станува збор за посериозна повреда.

„Ќе мора да оди на снимање. Не би сакал, но ќе видиме, можно е да е сериозно. Почувствувал болка во надворешниот дел на коленото, претпоставувам дека се лигаменти, но утре ќе знаеме повеќе, моментално е во завои“, рече Стојковиќ.

Ако навистина се работи за повреда на лигаментите, тоа значи дека за Костиќ ова ЕП заврши.

ПретходноТадиќ незадоволен од одлуката на Пикси: Да бев стартер ќе дадевме барем еден гол
СледноУкраина ја освои Европската Златна лига 2024